Достапни линкови

За владата реформи, за работниците социјална неправда


Протестот кулминираше откако низ насобраните неколку стотици вработени во ЕСМ кои наскоро треба да ја напуштат работата проструиле информациите дека на нивните места ќе бидат примени нови луѓе според партиски клуч, како и по отфрлањето на заклучоците во Собранието предложени од опозицијата во врска со ситуацијата во ова претпријатие

„Ова е срамота! Срамота! Бранко 1.100 души ги остави да трпат за леб и тоа е срамота.“

„Десет отсто нека ја намали платата на сите вработени, не само за нас, туку ќе има место уште за 2.000 новопримени.“

Револтираните луѓе се обидоа да влезат во зградата на собранието, а во блиските средби со полицијата имаше и лесно повредени. Насобраните се обидоа да ги смират неколку пратеници на ВМРО ДПМНЕ, меѓу кои и потпретседателот на партијата Ганка Самоиловска Цветанова

„Полицијата си ја работи својата работа и таа не е виновна“

Делегација на работниците беше примена од претседателот Борис Трајковски,

„Сите работи што со вас ги разговараме секојдневно му ги предочивме. И се надеваме дека претседателот ќе постапи според договореното и ќе направи притисок врз овие институции“

Протестот траеше до попладнето, а подоцна премиерот Бранко Црвенковски, коментирајќи го настанот, рече дека секој има право да го изрази својот револт, но не со насилство. Тој упати критики до, како што рече, пратеници на одредени партии, кои се обиделе на протестот да му се даде партиска боја. Сепак, Црвенковски изјави дека Владата нема да се откаже од реформите во јавната администрација и од неопходната рационализација во склоп на тие реформи. Инаку, во рамките на најавените реформи, до крајот на годинава од секое министерство во просек треба да се отпуштат по 4 насто од вработените. Првиот синдикалец Ванчо Муратовски смета дека масовните отпуштања во името на реформите и не се вистински реформи. Затоа тој бара ваквиот процес да биде стопиран.

Доказ дека реформи не се прават на начин како што тоа го има замислено оваа влада се и протестите на отпуштените вработени од ЕСМ, истакнува Муратовски:

„Секој што останува работа, ќе реагира на сличен начин. Со тоа што ние никогаш не сме за грубо кршење на јавниот ред и мир, но некогаш и тоа е ефикасно.“
XS
SM
MD
LG