Достапни линкови

Нема планови за промена на составот на мисијата


Нема планови за промена на составот на мисијата на евросилите во земјава, ниту пак за промена на нејзиното лидерство, во случај формално да се одлучи за продолжување на мандатот на Конкордија, изјави Ирена Гузелова портпарол на Европската Унија во земјава која објаснува:

„Во основа процесот на одлучување е во тек. Претседателот Трајковски испрати писмо до високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на Унијата, Хавиер Солана во кое повикува да продолжи на мисијата за два и пол месеци, што значи до средината на декември, бидејќи мисијата завршува кон крајот на септември. Сеуште нема формална одлука, но повеќе од очигледно е дека одговорот ке биде позитивен.“

Ѓузелова посочува оти станува збор за продолжување на мисијата за краток период и оти токму поради тоа нема потреба од промена на составот на мисијата која е под команда на Франција.

Од Европската унија најавуваат дека формалната одлука може да се очекува во наредните неколку недели.

НАТО пак се согласи да го поддржи продолжувањето на мисијата на евросилите во Македонија:

„Амбасадорите на Северно атлантскиот совет се сретнаа вчера и ние се согласивме без никаков проблем дека треба да продолжиме да ја поддржуваме мисијата на Европската унија во вашата земја ако таа биде продолжена. Сеуште не е донесена конечна одлука од Унијата во врска со ова прашање, но очигледно е дека мисијата ќе биде продолжена,“

изјави Марк Лејти, советник на генералниот секретар на алијансата Џорџ Робертсон кој додава оти мисијата не може вистински да продолжи ако нема поддршка од НАТО. Инаку претставници на алијансата од април, по превземање на командата од страна на евросилите во земјава работат како консултанти во делот на реформите во одбраната.
XS
SM
MD
LG