Достапни линкови

Сеул: Истрага за кусата престрелка со северно корејските сили


Јужно-корејското министерство за одбрана соопшти дека заедно со командата на Обединетите Нации била започната истрага за денешната куса престрелка со северно-корејските сили во демилитаризираната зона. До инцидентот доаѓа во време кога Соединетите Држави и Кина прават дипломатски напори за започнување преговори со Пјонг Јанг за нуклеарната криза. Американскиот претставник Џон Болтон денеска изјави дека Вашингтон е подготвен на разговори со Северна Кореја и со Кина, доколку подоцна бидат вклучени и Јужна Кореја и Јапонија.
XS
SM
MD
LG