Достапни линкови

Палестионскиот премиер Абаз во тешка позиција


Позицијата на новиот палестински премиер Махмуд Абаз по промоцијата на меѓународниот мировен план за блискиот исток не е нималку лесна, оценуваат аналитичарите. Сепак според нив Абаз е човек кој бргу ги учи правилата на политичка игра и знае да ги искористи своите предности за да излезе од невозможните позиции во кои се наоѓа.

Палестинскиот премиер Махмуд Абаз, познат како Абу Масин е ставен во невозможна мисија – принуден не само да биде успешен во преговорите со противникот, израелскиот премиер Ариел Шарон, туку треба да се справи и со домашните предизвици – олицетворени во Јасер Арафат и милитантните палестински движења. Неговите две клучни предности се: што ја има подршката на Соединетите Држави и што во моментов не постои некој што би можел да го замени. Во моментов главниот проблем со кој се соочува палестинскиот премиер е како да го обезбеди продолжувањето на примирјето прогласено од страна на милитантните групи во ситуација во која Израел не се согласува на нивното клучно барање – осободување на сите палестински затворенции. Израелскиот министер за правда Томи лапид вели

„Ние сме свесни за важноста што прашањето за затворениците го има за владата на Абу масин, но палестинците мора да разберат дека мировниот процес мора да се одвива од двете страни. Треба да го видиме нивното однесување кон терористите. Треба да го соберат оружјето. И тие имаат обврски што треба да ги исполнат, ане само да поставуваат барања“

Ситуацијата засега се чини безизлезна, но според палестинскиот аналитичар Али ал- Џербаби решението не е во рацете на Абаз туку на израелскиот премиер Шарон. Во меѓувреме Абаз поради прашањето на затворениците ја имаше својата можеби најжестока политичка битка во редовите на сопствената партија Фатах чиј што лидер е Јасер Арафат. Неговиот најголем критичар е токму Арафат кој се согласи да ја дели власта со Абаз само по интензивниот притисок од страна на Соединетите Држави и Европската Унија. Според Арафат – Абаз ги изневерил инетресите на палестинскиот народ станувајќи попустлив кон Израел. Недоразбирањата кулминираа дотаму што Абаз понуди оставка во централниот комитет на Фатах

„Внатрешните разидувања доведоа до тоа да понудам оставка од централниот комитет,“
изјави Абаз по драматичната седница на која неговата оставка сепак не беше прифатена. Аналаитичарите оценуваат дека фактот што неговите сопартијци признаа дека во моментов не постои личност што би можела да го замени може да се смета за негова победа. Аналитичарот Абдул Хади вели за Абас дека е човек кој мошне брзо ги учи правилата на политичка игра. Тој од внатрепартиските превирања излезе со сознанието дека е потребен и оти за него не постои замена. Неговото заминување би предизвикало хаос и тоа не само на внатрешната политичка сцена на палестинците.
XS
SM
MD
LG