Достапни линкови

Конго: ЕУ ќе бара поголем мандат за мировната мисија


Европската Унија ќе побара мандатот на мировната мисија на Обединетите Нации во Конго да биде многу поголем од предвидениот, изјави високиот европски представник Хавиер Солана. На први септември мисијата на Обединетите Нации ќе ја преземе командата од сегашната европска мисија која е распоредена во Конго. Под команда на Франција европските мировници имаат мандат и воено да интервенираат.
XS
SM
MD
LG