Достапни линкови

logo-print

Изготвени проекти за обновување, се чекаат средства


За време на конфликтот во 2001 година беа уништени околу 50 цркви, манастири и џамии, од кои осум се споменици на културата како Лешочкиот манастир, Шарена џамија во тетовскиот регион, манастирот Свети Горгија во кумановско и други. Обновата на некои објекти е веке започната, а за дел од нив се подготвени проекти, но се чекаат финансии, вели Јован Ристов директор на Заводот за заштита на културните споменици кој информира и за конкретни проекти од оваа година

„Работата врз реставрацијата на црквата „С. Атанасиј“ во Лешочкиот манастир отпочнаа пред неколку дена и според предвидената програма треба да бидат завршенби за околу 2 години, што ќе рече кон средината на јули во 2005-та година. Оваа активност се финансира од Европската агенција за реконструкција, а паралелно Агенцијата финансира и една активност за обновување на џамијата во Непроштено“

За овие два објекти од фондовите на Европската унија се одвоени 540 илјади евра

„Реконструкцијата на црквата во Лешок ќе се врши паралелно со џамијата во Непроштено. Тоа е една конкретна поддршка на меѓуетничкото помирување после конфликтот во 2001 година“

изјави Едмонд Адеми од Европската агенција за реконструкција.

Инаку, за подобрување на мегуетничките односи важно е и вракањето на раселените и реконструкцијата на нивните куки, оценуваат претставници на мегународната заедница. Амбасадорот на ОБСЕ во земјава, Крег Џенес во контекст на ова неодмна изјави:

„Постојат два проблеми, а тоа е реконструкцијата и политизирањето на ова прашање. Реконструкцијата се одвива нешто побавно од она што го сакавме, но сепак е во тек, но мислам дека има луге кои го користат ова за сопствени политички цели и се обидуваат да испратат политичка порака дека состојбата е нестабилна. Ние веруваме дека во повекето случаи ова е некоректно и дека овие луѓе треба да се вратат.“
XS
SM
MD
LG