Достапни линкови

Близок контакт меѓу работниците и МВР


Протестите на околу 300 отпуштени работници од "Електростопанство на Македонија" кои се наоѓаат пред зградата на македонското Собрание претпладнево ескалираа. Дојде до близок контакт меѓу работниците и припадниците на специјалната единица на МВР.
За да ја смират ситуацијата пред насобраните отпуштени работници излегоа неколку пратеници од опозиционата ВМРО ДПМНЕ кои апелираа за мирен и достоинствен протест.

„Полицијата си ја работи својата работа и таа не е виновна“

вака се обиде да ги смири работниците на ЕСМ пратеничката Ганка Самоиловска-Цветанова.
Неколкучлена делгација на работниците потоа беа примени од страна на претседателот на држават Борис Трајковски.

„Сите работи што со вас ги разговараме секојдневно му ги предочивме. И се надеваме дека претседателот ќе постапи според договореното и ќе направи притисок врз овие институции“

изјави Никола Котевски вработен во РЕК Битола, кој ја предводеше делгацијата на средбата со претседателот Трајковски. Но, и неговото обраќање не ги смири револтираните работнии

„Ова е срамота! Срамота! Бранко 1.100 души ги остави да трпат за леб и тоа е срамота“
„Десет отсто нека ја намали платата на сите вработени, не само за нас, туку ќе има место уште за 2.000 новопримени“


Инаку, пратениците денеска не ги усвоија заклучоците во врска со ЕСМ предложени од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Либералната партија.

„Навистина жалам што толку луѓе ќе останат без работа, а можеше поинаку. Можеше поинаку, најмалку како во 2001-та година“

изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
XS
SM
MD
LG