Достапни линкови

Не искористија и не фрлија


Не чуваа за еднократна употреба, не искористија и не фрлија. Бранко Црвенковски стана премиер, а Ванчо Муратовски прв човек на синдикатот. Сега повеќе на никого не сме му потребни велат луѓето од фирмите загубари кои во април 2002 година ги организираа најмасовните протести против тогашната актуелна власт, со цел да ги остварат своите барања. Плодовите од овие протести ги обраа некои други, нашите проблеми сеуште никој не се нафаќа да ги реши.

„Изиграни сме – и од Синдикатот, и од Владата на Република Македонија. Се говореше дека ќе се рестартираат загубарите, дека ќе се вратат вработените, а откако се потпиша аранжманот со ММФ не оставија на улица“

вели драги димовски синдикален лидер во скопски Хемтекс. За Законот за загубарите и покрај ветувањето и оваа влада не даде зелено светло. Последиците веќе се чуствуваат. Најлоша е ситуацијата во Штип каде на 2500 вработени од штипска „Македонка“ од овој месец им престанува исплатата на средставата на име опремнини.

„Тие практично остануваат без никаква егзистенција. Нормално, и тие, и нивните семејства – а се работи за 12.000 граѓани од општина Штип – не знаат како понатаму да ги плаќаат сметките за струја, вода и другите давачки спрема државата“

вели Доне Димовски од штипска „Македонка“. Проблемот е што се нема алтернатива доколку некој не поверува дека овие лица кој имаат во просек години на старост над 40 да бидат работно ангажирани кај некој нов газда.

„Ниту една фирма не би вработила човек што има над 50 години. И тука шансите се изгубени“

Гласно размислуваат од гостиварска „Силика“. Епилогот од ваквата агонија е, измеќарство, работа на црно, уцена од газдите, неизвесна иднина.

„Работиме на црно, без да ни тече стаж“
„Во Гостивар, да се снајдеш да работиш е катастрофа“
„Како измеќари да се работи по ниви, по бавчи и да се прехрануваме од родители и од нивните пензии“


Обидот да се реши проблемот со фирмите загубари не го решава и проблемот што со вработените во фирмите загубари. Спред тендерските услови овие компании се продаваат исчистени од долгови и без обврска за преземање на вработените. Ваквите услови се неприфатливи за вработените од фирмите загубари

„Нашето барање е кога се продаваат фабриките, барем еден од условите да се вработат назад стечајните работници“

е ставот на лицата кој како што велат доколку не наидат на разбирање кај надлежните овој пат и без поддршка на сидникатот ќе се организираат и ќе излезат на протести со цел да укажат на проблемите што ги тиштат и за истите да биде понудено вистинско решение.
XS
SM
MD
LG