Достапни линкови

Во ДУИ без коментар, меѓународната заедница за почитување на Рамовниот договор


ДУИ воздржана во коментарите околу идејата за самоопределување на Албанците во Македонија што ја промовиаше ДПА, по реизборот на Арбен Џафери за претседател на партијата:

„Ние не ги коментираме изјавите на другите партии. Тие имаат свои програмски определби, одвреме навреме различни ставови, па ако би ги коментирале тие нивни ставови тоа би ни одзело многу време зашто често ги менуваат“

изјави Агрон Буџаку. За разлика од него ПДП со конкретен одговор по ова прашање:

„Доколку продолжат со неговото релативизирање, се разбира дека и ПДП ќе бара други начини на дејствување. Тоа значи дека и ПДП може да се приклучи кон барањето за самоопределување“

вели лидерот на ова партија Абдулменаф Беџети.

Од друга страна преставниците на меѓународната заедница во Македонија коментирајќи ја изјавата на Арбен Џафери се повикуваат на Рамковниот договор со кој се гарантира унитарноста на државата:

„Основниот концепт на Рамковниот договор е унитарна Македонија И мултиетничко општество и Рамковниот догоор е модел за тоа. ДПА е потписник на овој договор и се обврза на истиот , тоа значи дека треба да го почитува,“

изјави портпаролот на ЕУ во Македонија Ирена Ѓузелова.

Политиколот Ѓорѓи Иванов професор на правниот факултет, пај вели, промовирањето на ваквата идеа покажува дека ДПА е ослабнета на теренот, и со радикализам се обидуваат да го крене рејтингот на партијата:

„Кога се губи позиција на теренот, со радикализам се сака да се привлече внимание и да се зголеми рејтингот. Меѓутоа, тоа е работа на власта. Власта тука треба да покаже што значи држава и државност и што значи тоа кога се јавуваат такви кои имаат сериозно влијание врз населението за остварување на тоа што е договорено со меѓународната заедница и со Охридскиот договор. Радикализмот е исклучиво за политичка мобилизација“
XS
SM
MD
LG