Достапни линкови

Багдад: Прв состанок на привремената влада


Денеска во Багдад се одржа првиот состанок на привремената влада, составен од претставници на ирачкото општество избрани од страна на коалиционите сили. Привремениот владин совет го сочинуваат 13 припадници на мнозинската шиитска заедница, по 5 представници на сунитите и на курдите и по еден представник на христијанската и туркменската заедница во Ирак. Владата има овластување да назначува министри, предлага закони, потпишува договори и да го дизајнира националниот буџет. Основната цел на формирањето на привремената влада е да се надмине политичкиот вакуум настанат во Ирак по падот на Садам Хусеин.
XS
SM
MD
LG