Достапни линкови

Решение е промена на законот против ограничувањето на конкуренцијата


Се додека законот против ограничувањето на конкуренцијата е таков каков што е монополите ќе ја злоупотребуваат монополската позиција. Во моментов рацете ни се врзани. Еден е проблемот што немаме право да изрекуваме казни а друг е што судот доколку И ги изрече тие се многу мали. Единствен услов за успешна борба против нелојалната конкуренција е побрзо донесување на новото законско решение кое треба да ги регулира односите во оваа свера тврди првиот човек на монополската управа Панче Бардаров.

„Нашите органи, посебно ние како монополска управа мора да имаме можност да изречуваме казни.“

Со осамостојувањето на монополската управа автоматски Ќе се зголемат И ингеренциите на овој орган во борбата против компаниите кој ја злоупотребуваат својата позиција тврди Бардаров. Ваквите одредби веќе се вметнати во новото законско решение кое сеуште е во изработка, а се изготвува по урнекот на закнодавскатава од западните земји каде монополските управи се респектирани институции.

„Германската монополска управа има изречено најголема казна од 500 милиони марки за една фирма и за еден картел 350 милиони марки.“

Со оглед на постојната поставеност на законската регулатива однесувањето на менаџментот на Телеком во однос на поокачувањето на цените на телефонските услуги е сосема нормално.

„Сосема мала е казната и таа не е никакво средство да го спречат телекомот во своето однесување, зашто профитот е многу поголем.“

Злоупотреба на монополската позиција е регистрирано и кај скопското јавното препријатие „Водовод“.

„Стануваше збор за вградување на еден тип водомери, а во Македонија има повеќе фирми кои работат со увоз на атестирани водомери.“

Во списокот на управата како регистрирани и решени случаи се наведуваат обидот за злоупотреба на монополската позицја на интернет провајдерот на макеоднски телекомуникации, злоупотребите од страна на јавните комунални претпријатија во неколку градови низ дравата во делот на погребалните услуги како и последниот случај што сеуште не е решен, а се однесува на злоупотребата на позицијата која на пазарот ја има тутунскиот комбинат од Скопје.
XS
SM
MD
LG