Достапни линкови

Оружен инцидент во Чаир, обид за отворање граничен премин кај Танушевци


Одложувањето на отворањето на граничниот премин кај Танушевци за еден ден како да ја најави бурната недела што претстоеше. Иако беше замислуван како можност за олеснување на комуникацијата меѓу жителите од пограничните села, привремениот премин беше причина за незадоволство и блокади од страна на селаните од двете страни на границата. Нивното однесување се обиде да го објасни пратеникот од овој регион Џезаир Шаќири

„Таму каде што сакаат селаните меѓу Танушевци и Дебелде даличината изнесува еден километар, патот е добар, но македонската влада и УНМИК решија преминот да го постават кај месноста Кодра Фура, што им го одалечува на жителите од едната и другат страна на границата за 5 километри, и затоа тие не се задоволни со ова решение.“

Од друга страна, портпаролот Сашо Чолаковски го изнесува ставот на македонската влада:

„Локацијата не ја избираше никој друг, туку граѓаните и сега ако некој се погодени дека не ќе може да комуницираат илегално, односно дека со граничниот премин ќе треба да комуницираат преку тој граничен премин, а сето останато ќе се смета за илегален граничен премин, тука не можам да им помогнам.“

Советникот во Министерството за надворешни работи Љупчо Арсовски, пак, вели:

„Додека траеа подготовките не добивме ниту една поплака, ниту едно писмо, ниту еден градоначалник не дојде да каже дека на тоа место не треба.“

Пред неколку дена портпаролот на меѓународната мисија на Косово Синг Мираж ни изјави:

„Ова е акт за олеснување кој е направен за доброто на луѓето од тие региони, и значи олеснување на економските активности на населението и можност непречено да ја работи својата земја. Но луѓето тоа го сфатија како легализација, односно демаркација на граничната линија што всушност не е така. Станува збор за мала група луѓе, но тие нема да не спречат да го отвориме овој граничен премин.“

Вториот, потрагичниот настан, кој уште долго ќе се памети, се случи во средата напладне:

„На улица Цветан Димов, во скопската населба Чаир, од возило марка форд црвена боја, со регистерски таблички КУ 049 АН излегле неколку лица кои вооружени со автоматско оружје се упатиле во правец на комплексот „Чаирчанка“, поточно кон угостителските објекти „Фортуна“ и „Рина“. Таму отвориле оган во правец на гостите на локалите, во меѓувреме е фрлена и една експлозивна направа во правец на една чајџилница во споменатиот комплекс. Во престрелката, во која според првичните сознанија се смета дека е мотивирана од криминални мотиви, повредени се седум лица од кои четири по здобиените повреди починаа во Градска општа болница,“

изјави тогаш портпаролот на МВР Мирјана Контевска. А, конечниот биланс е петмина мртви и четворица повредени. И повторно, како и по секој сличен случај, осуди од сите страни, барање од полицијата да ги интензивира активностите за апсење на извршителите, констатации дека во земјава има многу нелегално оружје, и така натаму. Сепак, се чини дека единствен рецепт за борба против прекршителите на законот е

„Еден принцип којшто се вика нула толеранција. Овој град и оваа држава мора да почнат да живеат во духот на нула толеранција кон каков било вид на кршење на законот,“

смета Ѓунер Исмаил, надворешен член на националниот совет за безбедност.
XS
SM
MD
LG