Достапни линкови

logo-print

Пекинг: Најлоши поплави во последниве неколку години


Кинеските власти денеска евакуираа уште 56 илјади лица на исток од земјата во настојување да ги намалат последиците од поплавите што се сметаат за најлоши во последните неколку години. Од почетокот на јули годинава бројот на настрадани во поплавите во јужна Кина е над 200 лица. Со поплави се соочуваат и други делови од Јужна Азија. Во Непал бројот на жртви во поплавите и лизгањето на земјиштето е 53 лица, во Бангладеш до сега настрадаа 104, а од синоќа поплавени се и делови од Индија.
XS
SM
MD
LG