Достапни линкови

logo-print

Сеул: Во септември продолжување на разговорите меѓу двете Кореи за нуклеарната криза


Владини делегации на Северна и Јужна Кореа се согласија во септември да ги продолжат разговорите за решавањето на нуклеарната криза. На средбата во Сеул беше договорено веднаш да им се дозволи средба на семејствата раздвоени пред 50 години за време на корејската војна. Јужна Кореа синоќа соопшти дека ќе ги прекине разговорите за помирување ако северниот сосед не ја напушти својата нуклеарна воена програма.
XS
SM
MD
LG