Достапни линкови

На шалтерите сеуште без компјутери


Компјутеризацијата сеуште го заобиколува македонското здравство, а тоа се одразува и во делот на шалтерсткото работење:

„Најголемиот проблем е кај бирократијата и администрацијата, а не кај докторот, затоа што компјутерите не се воведени баш таму каде што треба“
„Сите документи, сите упати и рецепти, сето тоа оди рачно, а компјутерски може да се среди побрзо“


Со ова укажување се согласуваат најголемиот дел од пациентите, кои како што велат речиси секогаш се соочуваат со редици пред шалтерите кога треба да завршат некоја работа, како што е на пример подигнување или заверка на здравствената легитимација.

„Чекаш минимум 10 минути додека дојдеш и најмалку 5 минути за писарските работи да се завршат. Секој документ треба да го обработат уште тројца-четворица службеници и тоа е непотребно на овој степен на компјутеризација“
„Кога би биле помалку работници, побрзо би ја завршиле работата. А вака ја префрлаат од еден на друг“


Сепак, покрај потребата од воведување компјутери како предуслов за олеснување на шалтерската работа, според забелешките на корисниците на здравствени услуги, дел од формалностите може да бидат поедноставени и преку подобра организираност на работата.

Овие забелешки на пациентите кои се незадоволни, од тоа што, како што велат, мораат да го трошат своето време пред шалтерските паравани, понекогаш се субјективни, велат вработените, кои додаваат оти проблемите во работата, со кои понекогаш се соочуваат и тие веројатно ќе бидат надминати тогаш кога промените во здравстениот систем, што меѓу другото предвидуваат компјутеризација че бидат спроведени. Во министерството за здравство потсетуваат дека електронскиот систем на работа претставува дел од заложбите за реформи на овој сегмент, но оти за негова целосна примена се потребни пари. Во меѓувреме, пациентите степенот на недоречености во опремата и организираноста во системот го проценуваат според тоа колку време им е потребно во еден таков систем за да добијат услуга.

„Обично се чека, од 15 до 30 минути“
„Четири часа јас чекам на еден шалтер! Чекај ваму, чекај таму, кога ќе видиш, денот поминал“
XS
SM
MD
LG