Достапни линкови

Багдад: Ранети тројца ирачки цивили


Тројца ирачки цивили се ранети откако се нашле во вкрстен оган меѓу сојузничките сили и бунтовниците. Воени извори соопштија и дека еден американски војник е убиен во текот на ноќта. Арапската телкевизија Ал Џезаира јави дека американските сили се повлекле од центарот на градот Фалуџа и дека се стационирани во предградието. Синоќа американскиот генерал Томи Френкс оцени дека американските војници би можеле да останат во Ирак и до 4 години и да делуваат во услови што и натаму ќе бидат опасни по нивните животи.
XS
SM
MD
LG