Достапни линкови

Технологија што би им помогнала на земјите во развој


Обединетите Нации вложуваат напори за промовирање на таканареченоиот безжичен интернет или Вај- Фи како технологија која би има помогнала на земјите во равој – бидејќи многу од нив немаат инфрастуктура и финансии за традиционалниот Интернет. Со безжичниот на тие земји би им бил отворен светот на дигиталната технологија која ќе помогне во економскиот, општествениот и образовниот развој на неравиените земји.

Со цел да го премости дигиталниот јаз меѓу земјите во светот многумина се залагаат за воведување на таканаречениот Вај-Фи, што се потврди и на конференцијата на таа тема одржана во рамките на Обединетите Нации. Шефот на одделот на Светската Организација задолжен за промоција на новата технологија, поранешниот пакистански дипломат Сарбуланд Кан вели:

„Вај – Фи би можел да биде извореден изедначувач.Брз безжичен систем би овозможил образование на далечина, здравствени информации и слично.“

Предавателите на Вај-Фи ги користат нерегистрираните секции на радио спектарот за испраќање на податоците кои потоа се примаат во компјутерите со инфрацрвени портали. Според резултатите на една истражувачка компанија во Бостон секоја минута 30 нови корисници се регистрираат во Вај-Фи сервисот во Соединетите Држави. Но вистинскиот тест за новата технологија се земјите во развој. Нејзината примена ја илустрира примерот во Индија каде во еден регион постои поврзување со безжичен интернет. Опремата е инсталирана во автобус кој превезува патници во регионот, а луѓето во околината доколку имаат компјутер имаат можност да се вклучат на интернет. Изведбата на целиот проект чинеше 300 долари. Поради тоа главниот технолог на корпорацијата Интел Патрик Гелсинџер вели

„Ние сме зачудени кога одиме во земјите во развој од нивната восхитеност кога модерната технологија им овозможува да станат граѓани на светот. Кога сте на Интернет станува сеедно дали сте во околината на пекинг или на менхетн. Глобалниот пристап им овозможува на луѓето од неразвиените земји да станат граѓани од прв ред во постоечкиот поврзан свет на Интернет.“

Гелсинџен смета дека наместо во старата, инвестирањето треба да биде насочено во новата дигитална технологија има голем број предности.
Меѓутоа иако значително поефтин од старата технологија и безжичниот интернет чини вели Сарбуланд Кан:

„Затоа нашиот предизвик е да изнајдеме решение за финасирањето преку мултинационалните компании, фондации, и со користење на владините капацитети да создадеме партерство на јавниот и приватниот сектор што ќе го постигне тоа.“

Во таа насока работи и Инситутот за безжичен интернет кој беше коорганизатор на конференцијата на обединетите Нации. Основно мото на оваа организација е ширење на новата технологија која ќе помогне во економскиот, општествениот и образовниот развој на земјите во светот.
XS
SM
MD
LG