Достапни линкови

logo-print

Има начини за спречување на оружените инциденти


Постојат начини за спречување на оружени инциденти како што беше вчерашниот во скопската населба Чаир, при што загинаа 4 лица, а неколку беа ранети, вели Ѓунер Исмаил надворешен член на Советот за Безбедност.

„Градоначалникот на Њујорк стана познат не по тѕоа што изградил патишта, тротоари или семафори, туку по тоа што на њујоршката полиција и нареди еден принцип којшто се вика нула толеранција. Овој град и оваа држава мора да почнат да живеат во духот на нула толеранција кон каков било вид на кршење на законот“

Одговорноста за ваквите настани треба да се бара во државните институции смета Ѓунер Исмаил:

„Итен разговор треба да се бара внатре, во целата државна хиерархија којашто во изминатите 10-12 години успеа да се исплатка, да влезе во разни времени или трајни сојузи со подземјето, фактички претворајќи се и самата во некакво длабинско ниво во подземје, и тоа подземје сега – како што гледате – во борба за некакви нови позиции или за расчистување на некакви стари долгови, се пресметува по улиците на Скопје и како резултат на тоа, за жал, гинат и наполно недолжни граѓани“

Еденствен политичар, односно функционер кој изјави дека не може да се каже дака безбедносната состојба во Македонија е стабила беше претседателот на Собранието Никола Поповски кој во неодамнешното интервју за Радио Слободна Европа изјави:

„Ние не можеме да соопштиме никогаш дека таа е сега стабилна и добра, додека имаме еднаш неделно експлозија на бомби, кои очигледно не се насочени од криминални или економски мотиви кон некои поединци, туку се насочени да покажат дека може во Скопје да се направи терористички акт со неброени жртви кога што сакаат тие“

Според Ѓунер Исмаил не тајна дека низ многу скопски улици слободно се движат вооружени лица и криманлци

„И денеска ќе поминете низ Скопје, по разни населби, и тие луѓе сосема слободно шетаат вооружени или се однесуваат насилнички, а полицијата ниту реагира, ниту подготвува реакција и сметам дека станува збор за некакво прегрупирање на позициите на симбиозата на државното и класичното подземје“
XS
SM
MD
LG