Достапни линкови

Бисерка Матиќ, амбасадор на Србија и Црна Гора во Македонија. Односите повеќе од добрососедски


Ваша оценка за односите меѓу Македонија и Србија и Црна Гора?

Мислам дека најточна оценка би била ако кажам дека се повеке од добрососедски. Имаме потпишано повеќе од 20 меѓудржавни договори и спогодби. Обемот на економската соработка се движи околу 500 милиони долари што е респектабилна сума, но се разбира со оглед на тоа што стопанствата на овие земји се компатибилни тие односи би можеле да бидат многу подобри од тоа што се.

Меѓународната зедница бара од земјите во регионот поинтензивно да работат во насока на сузбивање на организираниот криминал. Каква е соработката во оваа област?

Црна Гора неодамна ја потпиша спогодбата со Македонија за заедничка борба против тероризмот и криминалот, Србија е пред потпишување на таков договор. Но, и без потпишани спогодби ние имавме добра соработка, како размена на информации, бидејќи цел регион е затруен со организиран криминал кој на некој начин ни одржа лекција не почитува ни верски, ни национлани никакви критериуми. Сите ние во регионот ќе потпишеме спогодби за мегусебна соработка бидејќи организираниот криминал е регионално балканско големо зло кое стигна пред европската врата. Јас мислам дека ние ќе дадеме вистински придонес во борбата против организираниот криминал ако таа се води и на Косово кое е како што се вели црна дупка на Балканот. Преку Косово и Метохија одат сите валкани работи - трговија со луѓе, оружје, дрога... На Косово прво мора да се изградат демократски институции, за резултатите од борбата против организираниот криминал да бидат многу поголеми.

Колку регионаланата соработка може да помогне на патот на овие земји кон НАТО И Европската унија?

Јас како претставник на мојата земја ја промовирав идејата за создавање на еден вид балканска економска унија, на почеток можеби балканска царинска унија, бидејќи цел и став на мојата земја е да се тргнат границите за проток на стока, луѓе, идеи, капитал и на овој начин да се унапреди регионалната соработка и да се формира пазар од 50-60 милиони луѓе што би било многу поатрактивно за странските инвеститори. Македонија, Бугарија и Југославија направија еден чекор во добар правец со формирање на мали евро региони како Скопје, Ниш, Софија. За оваа идеја се потребни оперативни енергични луѓе кои ќе ја спроведат. Но, покрај ентузијазмот потребни се и пари. Таа идеја треба финансиски да се поткрепи и лугето да се мотивираат со тој тренинг пред влез во Европската Унија сериозно да му се посветат.
XS
SM
MD
LG