Достапни линкови

Македонската влада и УНМИК сакаат да не стават во конфликт со жителите на Дебалде


Граѓаните од косовското село Дебалде им се заканиле на нивните соседи од македонското село Танушевци да не дозволат да се отвори привремениот граничен премин меѓу двете села, зашто во спротивно жителите на Танушевци ќе им забранат да влегуваат во атарот на нивното село:

„Македонската влада и УНМИК сакаат да не стават во конфликт со жителите на Девалде, со кои имаме роднински врски, а тие сега сметаат дека ние сакаме да им ја земеме нивната земја. Тоа не е точно. Тие дури се заканија дека доколку се отвори овој премин ние никогаш нема да бидеме сигурни и не смееме да газиме по нивната земја“

Македонската Влада И УНМИК сакаат да не стават во конфликт со жителите на Дебалде, со кои ние имаме роднински врски. А дебалдечани сега сметаат дека ние сакаме ним да им ја земеме земјата. Тоа не е точно. Тие дури се заканија дека И доколку се отвори овој премин, ние никокаш нема да биде сигурни и не смееме да газиме по нивната земја, вели Исмаил Ибрахими жител на Танушевци.
Според Мерсел Биљали политички аналитичар, потребно е на овој проблем да се пристапи со поголема сериозност.

„Мислам дека многу сериозно треба да се постапи по ова прашање, да се видат реалните потреби на граѓаните во однос на нивните имоти. Се разбира дека тука има и доза на политизирање, структури кои сакаат од еневно-политички или од некои други нивни причини да го исполитизираат и искомплицираат“

Наместо да се отвори граничен премин подобро би било на жителите на тој регион да им се дадат посебни пропусници со кои би им се дозволило движење до определена длабочина на другата страна на границата за да ги извршуваат своите обврски, вели Биљали :

„На пример, да се примени практиката на повеќе европски држави. Тоа е да се издаваат специјални пропусници со кои луѓето би се движеле во определена длабочина на територијата која ќе биде лимитирана. Тоа би било пофлексибилно решение“
XS
SM
MD
LG