Достапни линкови

logo-print

Четворица загинати во престрелка


Четири лица загинаа во вооружениот инцидент во скопската населба Чаир од кои две беа пренесени во градската општа болница, а две починаа на местото на настанот, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Нападот се случи во близина на трговскиот центар „Чаирчанка“:

„На улица Цветан Димов, во скопската населба Чаир, од возило марка форд црвена боја, со регистерски таблички КУ 049 АН излегле неколку лица кои вооружени со автоматско оружје се упатиле во правец на комплексот „Чаирчанка“, поточно кон угостителските објекти „Фортуна“ и „Рина“. Таму отвориле оган во правец на гостите на локалите, во меѓувреме е фрлена и една експлозивна направа во правец на една чајџилница во споменатиот комплекс. Во престрелката, во која според првичните сознанија се смета дека е мотивирана од криминални мотиви, повредени се седум лица од кои четири по здобиените повреди починаа во Градска општа болница“

изјави Мирјана Контевска портпарол на МВР која додава:

„Според првичните сознанија добиени и од лице место и од очевидци, едно од починатите лица е Риза Низеири, инаку од порано познат на Службата како водач на криминална група која оперира во тој дел на градот и за кого постоеја сомненија дека е инволвиран во нападот и убиството на полицаецот од Крива Паланка пред две години во комплексот „Чаирчанка““

Во градската болница беа пренесени шест лица мегу кои и седумнаесет годишна девојка која им подлегна на повредите од истрел во главата, а едно лице беше донесено мртво. За состојбата на останатите доктор Стојан Павловски изјави

„И останатите повредени се со различни повреди“

Очевидците пак не сакаа многу да говорат за настанот. Еден од присутните кратко изјави

„Прво се слушнаа истрели, па потоа експлозив. При тој експлозив тројца се мртви, а неколку ранети, вклучувајќи и дете“

Притоа не сакајќи да коментира ниту за тоа дали видел кој е извршителот на ова дело, ниту дали го знае идентитетопт на загинатите.
XS
SM
MD
LG