Достапни линкови

Екстремни температути низ светот


Многу луѓе во светот сметаат дека временските услови се менуваат како последица на глобалното затоплување иако науката сеуште води дебата околу ова. Светската Метеоролошка Организација – која работи во рамките на ОН по регистрираните екстремни температури во светот заклучи дека тие се резултат на образецот на постојаното затоплување Во различни делови на светот се забележани или рекордно високи или ниски температури, луњи и дождови. И уште повеќе – такви екстреми можат и натаму да се очекуваат.

Станува збор за податоци собрани од 185 земји во светот во текот на минатиот месец

„Во текот на јуни во јужна и источна Франција се регистрирани 40 степени целзиусови. Тоа се температури за шест степени над нормалата. Слично е и во северна Италија, а во Шварцарија се забележани горештини незапаметени во последните 250 години,“

вели Кен Дејвидсон, директор на Светскиата Климатска програма . Тој додава:

„Имавме топлотен бран што ја погоди индија. Во некои делови на земјата се регистрирани температури од 45-49 степени. Поради тоа 1 400 луѓе починаа.“

Доколку времето продолжи да биде вакво двеилјади и третата ќе биде најтоплата година во историјата воопшто. Со тоа не само што ќе биде зголемена листата на искучително жешките години како што се двеилјади втората, првата и претходно 98-та, туку ќе се даде уште еден доказ за глобалното затоплување што метеоролозите го набљудуваат собирајќи податоци уште од 1861-та година. Овие податоци налеваат масло на и онака жешката дебата на научниците околу тоа дали овие жешки лета се доказ за глобалното затоплување или се само дел на нормалното варирање на климата. Дебатата е усвитена поради многуте политички и економски импликации. Глобалното затоплување генерално се смета за последица на индустријализацијата. Иако усвоен протоколот од Кјото кој забранува емисија на штетни гасови не е ратификуван од многу високоразвиени земји вклучувајќи ги тука Соединетите Држави и Русија. Безоглед на тоа дали противниците на теоријата за глобалното затоплување ќе ги прифатат или не податоците на Светската Метеоролошка Организација, проценките дека екстремните температури се и наша иднина остануваат.

„Можеме да очекуваме зголемување на горештините но исто така можеме да имаме екстремно ниски температури, значи и суши и поплави.“

Вели Дејвидсон додавајќи дека Светската Метеоролошка Организација на Обединетите Нации е во контакт со метеоролошките станици во земјите членки за да се овозможи подобра прогноза која ќе ги предупреди луѓето за да можат да превземат превентивни мерки.
XS
SM
MD
LG