Достапни линкови

Дакар: Почеток на африканската турнеја на претседателот Буш


Американскиот претседател Џорџ Буш на почетокот на неговата 5- дневна африканска турнеја пристигна во Дакар, главниот град на Сенегал. Буш, исто така ќе ги посети Боцвана, Нигерија и Уганда. Разговорите на американскиот претседател со лидерите на овие земји се очекува да бидат фокусирани на помошта што Вашингтон може да ја понуди за борбата против сидата и економскиот развој на континетот. Афиканската турнеја на Џорџ Буш се поклопува со очекувањето на американскиот одговор на барањето на лидерите на африканските земји Соединетите Држави да испратат мировници што ќе помогнат во запирањето на граѓанската војна во Либерија.
XS
SM
MD
LG