Достапни линкови

logo-print

Иран потранспарентен за нуклеарната програма


Меѓународниот притисок врз Иран да овозможи поголема транспарентност на нуклеарната програма за која Техеран тврди дека е во мирнодопски цели започна да ги дава првите резултати. На 9 јули на разговори со иранските власти ќе престојува шефот на меѓународната агенција за атомска енергија Мохамед Eл Барадеј. Проценките се дека ова омекнување на позицијата на Техеран првенствено се должи на притисокот што го извршија Европската Унија, Јапонија и Русија.

Од Иран се бара да потпише дополнителен протокол кој на меѓународната агенција за атомска енергија на Обединетите Нации ќе и овозможи ненајавени инспекции на нуклеарните посторки за кои Техеран тврди дека се за производство на струја. Барањето за потпишување дополнителен протокол се однесува на земјите кои го ратифицираа договорот за непрофилиација. Иран тоа го направи 1970-тата вели портпаролот на шефот на меѓународната агенција ел Барадеј, Мариса Флеминг

„Овој дополнителен протокол треба да го потпишат сите земји кои го усвоија договорот за непрофилација: Ние не велиме дека само Иран тоа треба да го стори. Сите тоа треба да го сторат и голем број земји тоа го сторија. Ние инсистираме особено на ова во земји кои имаат големи нуклеарни капацитети, како во Иран – за да го увериме светот дека нема опасност од тајно развивање на нуклеарно оружје.“

На посетата на шефот на меѓународната атомска агенција Мохамед ел барадеј на Техеран му претходеше постапно засилување на меѓународниот притисок врз земјата .Британскиот скератар Џек Стоу на државниот врв на Иран му соопшти дека трговските врски со Европската унија ќе бидат загрозени доколку таков протокол не биде потпишан. Јапонија исто така еден од клучните економски партнери на Иран обзнани дека го одлага финализирањето на проектот за изградба на еден нафтовод – проект чија вредност се проценува на две милијарди долари. Истовремено Москва чии што експерти помагаат во изградбата на главната нуклеарна централа побара од техерен да се согласи на меѓународна инспекција. Станува збор за земји кои Иран не може да ги игнорира како што тоа го прави со Соедитетите Држави вели Патрик Клејсон од вашингтонскиот институт за Блискоисточна политика

„Мислам дека меѓународниот притисок може да создаде представа во Иран дека навистина постои загриженост во европската Унија, Русија и другите развиени земји – кои традиционално се алтернатива на Соединетите Држави. Иранските лидери поради тоа ќе согледат дека несоработката околу нуклерната програма би можела да чини многу повеќе отколку што тие првично мислеа.“

Според аналитичарите вистинскиот предизвик за иранските економски партнери сега е да не прифатат каков и да е компромис кој на техеран би му оставил простор за маневар и избегнување на барањата. Засега зголемениот притисок на Брисел, Токио и Москва функционира и Иран се согласи на разговори со ел Барадеј.
XS
SM
MD
LG