Достапни линкови

logo-print

Неправилно негативен однос кон советите што доаѓаат од надвор


„Се лутиме кога ни кажуваат што да правиме, велиме ние сме самостојни и знаеме што да правиме.“

Поаѓајќи од овој впечаток за односот на нашата држава кон советите што таа ги добива однадвор професорот по етика на филозофскиот факултет во Скопје Кирил Темков оценувајќи оти тој е неправилно негативен, посочува:

„Се разбира често има многу совети кои иритираат и возбудуваат и нервираат ние сметаме оти се непотребни но тие се потребни.“

Всушнот според професорот Темков за Македонија е нужно таа да се адаптира кон Европа бидејќи како што вели нашата држава се наоѓа во ситуација во која треба да научи како да имаме силна економија добра политика и добро разбиарње со соседите кои се предуслови за еден квалитетен живот и опстанок.

„А тоа е можно само според стандардите на нашиот регион ние не можеме да се исклучиме бидејќи денес светот живее поврзан.“

Гледиштето дека Македонија треба да сфати оти е потребно да се адаптира кон Европа тој го темели врз неколку показатели кои произлегуваат од еден поширок историски и цивилизациски контекст. Според перцепцијата на професорот Кирил Темков тие покажуваат оти нашата држава е се уште заостаната во однос на достигнувањата во развиениот свет односно оти нашата земја како што оценува Темков има неколку негативни историски трендови во развојот по кои по осамостојувањето од поранешна Југославија е фрлена пред Европа.

„Во современото човештво се ослободивме од турската империја пред 90 години создадовме модерна држава пред 50 години бевме последна земја во Европа кога во 57 година беше искоренета маларијата, значи ние сме земја со заостанаат развој. Во рамките на Југославија бевме на периферијата и одеднаш како самостојна земја сме фрлени пред Европа.“

Тргнувајки од едно вакво видување според овој професор на катедрата по етика на филозофскиот факултет во Скопје за нашата држава е нужно да се адаптира кон Европа, но при тоа посочува оти таа не се гради со тоа што европејците и ние ќе направиме консензус како ќе живееме.

„Туку така што ние мора ад бидеме свесни кои се барањата на Европа. А, таму се демократија толеарнција добри односи со соседите. Во таа смисла советите оти треба да се адаптиарме се многу нужни.“
XS
SM
MD
LG