Достапни линкови

Почнува да функционира привремениот граничен премин кај Танушевци


Се е подготвено, и од утре офицјално ќе почне да функционира привремениот граничен премин кај Танушевци, соопштуваат во Министерството за Надворешни Работи.

„Се работи на самото место, каде што контејнерите се веќе поставени, а отворањето на преминот би требало да се изврши утре“

Отворањето на овој граничен премин е со цел да се олесни комуникацијата меѓу жителите на пограничните села од македонска и косовска страна. Се работи за македонските села Танушевци Брест и Гошинце. Безбедносните служби сметаат дека со отворањето на овој граничен премин значително ќе се намалат илегалните преминувања, кои во овој дел на границата барем досега беа многу чести, што поради роднинските врски меѓу жителите од двете страни на границата така и поради незаконски активности.

Танушевци се наоѓа 40-тина километри одлечена од главниот град Скопје, во зимскиот период патот до и од ова село е непрооден и претставуаше главен проблем за снабдување на жителите со основните прехрабени продукти. За тоа најчесто тие се одлучуваа нелегално да ја преминуваат границата за да пзарат во косовскиот град Витина кој се наоѓа само 10 километри од Танушевци. Инаку, токму во овој регион како од привремените косовски власти така и од македонските Албанци се оспорува граничната линија, односно договорот потпишан меѓу Македонија и Србија и Црна Гора за одбележување на административната граница. Се работи за 200 хектари земјиште за кои косовските Албанци тврдат дека неправедно и биле доделени на Македонија. Превирањата околу овој дел на границата и понатаму прдолжуваат, кон крајот на минатата недела од косовска страна беа испукани неколку предупредувачку истрели додека членовите на меѓувладината комисија се наоѓале на местото планирано за отворање на преминот. Меѓутоа, портпаролот на МВР Мирјана Контевска вели:

„Тоа не значи дека ќе се запре со подготовките за отворање на преминот, бидејќи тоа е во интерес на граѓаните“
XS
SM
MD
LG