Достапни линкови

logo-print

Анкара: 189 повредени во експлозија на бензинска пумпа


Во синоќешната експлозија на цистерна на една бензинска пумпа во Анкара се поврдени 189 лица, од кои неколкумина се во критична состојба, соопшти денеска турскиот министер за здравство Реџеп Акдаг. Медиумите во Турција јавуваат дека одекнале три експлозии и оти најголем број од повредените се гости кои биле на свадба во салата над бензинската пумпа. Местото на екплозијата го посети и турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган. Тој изјави дека ќе покрене истрага за случајот и за тоа како можело сала за свеченсоти да биде изградена над бензинска пумпа. Експлозиите на бензински пумпи во Турција не се невообичаена појава, бидејќи повеќето од нив се изгадени "на диво" без дозвола на локалните власти.
XS
SM
MD
LG