Достапни линкови

logo-print

Израел: Можно ослободување на неколку стотини палестински затвореници


Израелскиот кабинет денеска треба да ја разгледа можноста за ослободување на уште неколку стотини палестински затвореници. Се проценува дека во затворите на Израел има околу 7 илјади Палестинци. Еден од условите за прекин на огнот од страна на милитантните палестински движења е ослободување на сите палестински затвореници. Тие соопштија дека доколку тоа не биде сторено примирјето ќе биде прекинато. Ослободувањето на првата група до 50-тина затвореници од страна на Израел милитантите ги оценија како козметички потег.
XS
SM
MD
LG