Достапни линкови

Чеченија: Четворица загинати во хеликоптерска несреќа


Денеска во чеченија се урна воен хеликоптер. Во несреќата загинале 4 члена на екипажот, а 11 се повредени. Сеуште не е потврдено дали несреќата е предизвикана од страна на чеченските бунтовници. Во меѓувреме истрагата за вчерашниот бомбашки напад во предградието на Москва во кој 20 лица загинаа продолжува. Рускиот министер за внатрешни работи Борис Гризлов соопшти дека е пронајден чеченски пасош на една од двете напаѓачки кои вчераа со експлозив врзан околу нивните тела се обидоа да влезат на рок концерт кој се одржуваше на аеродромот во Тушино. Се претпоставува дека самоубиствениот напад е предизвикан со декретот на рускиот председател путин во кој тој соопшти дека председателските избори во Чеченија ќе бидат одржани на 5 октомври. Руските власти обзнанија дека вчерашниот напад нема да го загрози одржувањето на изборите.
XS
SM
MD
LG