Достапни линкови

Женева: Според СЗО САРС е под контрола, но треба да се внимава


Глобалната епидемија од акутниот респираторен синдром САРС е ставена под контрола и го отстрани Тајван од пописот на земји во кои беше ризично да се патува, соопшти денеска Светската здравствена организација. СЗО сепак предупредува дека државите треба да бидат внимателни поради можноста заразата, од којашто во светот досега настрадаа 800 лица, повторно да се појави. Ваквото соопштение следи откако Тајван, последното подрачје од листата, ги „помина“ задолжителните 20 дена без пријавување на нови случаи на САРС.
XS
SM
MD
LG