Достапни линкови

Приштина: АНА ги осуди албанските власти за апсењето на командант Вардари


Албанска национална армија АНА ги осуди властите во Албанија заради апсењето на еден од нејзините водачи Гафур Адили, така наречениот командант „Вардари“, оценувајќи воедно дека се работи за „национален срам“. Во писмата упатени до алабанскиот претседател Алфред Мојсиу, премирот Фатос Нано и претседателот на Собранието Сервет Плумби, АНА меѓу другото наведува дека „има силни структури на сите албански простори и цврсто чекори кон реализација на идеалот за кој и постои - обединување на просторот на Балканот на кои живеат Албанци“.
XS
SM
MD
LG