Достапни линкови

Проектот гранична полиција во фази


Проектот за формирање гранична полиција, односно префрлање на ингеренциите од АРМ во МВР ќе се одвива во фази ова единственото решние кое произлезе од денеШниот состанок меѓу врховниот командант на безбедносните сили и претседател на државата Борис Трајковски со министрите за одбрана и внатрешни работи Владо Бучковски и Хари Костов.

„Од овој процес нема веќе враќање назад, и натаму продолжуваме со имплементирање на проектот. Заеднички беше ставот дека АРМ мора да премине во реформи.“

И заменик министерот за одбрана Ризван Сулејмани вели, на АРМ и престои период на преструктуирање. Дел од граничната бригада ќе остане да соработува со припадниците на МВР вели заменик министерот Сулејмани.

„Тоа значи дека дел од армискиот состав ако се цени дека е потребно, дека и треба на полицијата може да се префрлат, останатиот дел ќе се трансформира во други единици, а дел од нив веротјано и ќе мора да ја напуштат армијата.“

Токму отпуштањето на дел од припадниците на граничната бригада на АРМ е најголермиот предизвик со кој се соочуваат надлежните институции, кои во овој момент сеуште размислуваат за начинот на кој ќе го изведат тоа. Дека се работи за комплексна работи потврди и претседателот Трајковски

„Сметам дека се некако по самата природа престои еден комплексен дел на изведување реформи во областа на одбраната и безбедноста.“

Процесот за префрлање на надлежностите за обезбедувањето на границите од АРМ на МВР започнува оваа година а согласно усвоената стратегија треба да заврши до крајот на 2005 година. Првите полицајци граничари предвидено е да ја преземат контролата на јужната односно границата кон Грција.
XS
SM
MD
LG