Достапни линкови

Александар Милошевиќ, амбасадор на Хрватска во Македонија. Потребно е подигање на економските односи


Ваша оценка на билтаералните односи Македонија-Хрватска?

Односите меѓу двете наши земји се како што обично се вели во нагорна линија. Тие односи не се оптеретени со било какви отворени политички, економски или било какви други прашања. Политичкото ниво на односите е многу високо и задоволувачко, економскиот дел би можел да биде подобар.

Споменавте дека во економијата не е баш најдобро како што е во политиката, на кој начин може да се интезивираат овие односи?

Пред се мислам дека би требало нашите економски односи да се стават на повисок степен, тоа да не биде само трговска размена-ние извозуваме ова во Македонија, Македонија во Хрватска. Треба да се оди на повисоки облици на соработка, заеднички вложувања, формирање на заеднички претпријатија, да се оди заедно пред европските и светските финансиски инситуции да се бараат кредити за заеднички проекти и заеднички да се настапува на трети пазари. За тоа е потребна нешто поинтензивна соработка мегу ресорните министерства за економија, потребна е поинтензивна соработка на специјализираните банкарски институции како на пример банките за обнова И развој. Според тоа може да се најде начин за поинтензивна соработка. Јас верувам дека што повеке ке се приближуваме кон Европската унија, едноставно ке бидеме и приселени да бараме подобри облици на соработка.

Споменавте заеднички настап на трети пазари. Што велите колку регионалната соработка може да помогне во интеграциите било НАТО било Европската унија?

Секако не само поради тоа што успешната регионална соработка еден од условите за секоја земја кандидат за Европската унија или за НАТО да се покаже во таа регионална соработка, таа е потребна и за самите земји, бидејки да бидеме искрени уште многу долго ние нема да можеме да бидеме во многу работи конкуренти на европската стопанство. Ние ке мораме што повеке и подобро да соработуваме мегусебно. Секако и соработката мегу хрватските и македонските стопанственици е нешто помалку сложена, од соработката со оние во Швајцарија, Белгија, Германија. Едноставно ние се познаваме и така регионалната соработка е нешто неопходно. Со неа можеме да се приближиме до Европа и за почеток да покажеме дека не сме земји кои произведувааат кризи, туку земји кои можат и знаат да соработуваат пред се мегусебно.

Имаме и конкретен пример на регионална соработка, јадранската повелба. Што велите за ова?

Јадранската повелба е еден многу интересен документ и според мене исклучително важен за сите три земји кои го потпишаа. Тој документ всушност го трасира патот на тие земји кон полноправно членство во НАТО и ги отвраа перспективите, но не е гаранција за членство во алијансата. Интересно е во тој документ што не се спомнува воениот аспект и покрај тоа што НАТО е воена интеграција.
XS
SM
MD
LG