Достапни линкови

Екипите на итната помош се справуваат со предизвиците


Вискоите температури што ја зафатија државава очекувано за овој дел од годината регистрираа зголемен број на повици во службата за брза помош, каде што во одреден ден се регистрираат и 50-тина повици дневно. Вработените и покрај речиси двојно зголемениот обем на работа велат дека успеваат да им излезат во пресрет на пациентите:

„Не доаѓаат. Треба по стопати да ги викнеш или да им кажеш дека е тежок случај, инаку велат – носете го сами“
„Викаш, а тие со часови не доаѓаат“
„Имав инфаркт, ги повикав и веднаш дојдоа, ми помогнаа, имаа се и на време ме однесоа на кардиологија“
„Па, чекаме со саати. Морам да плаќам такси, за да ја однесам сопругата во болница, а двапати има добиено инфаркт“


Доктор Марика Орцева од брзата помош вели:

„Екипите се справуваат во реализацијата на сите повици, затоа што тоа се лекари и персонал со подолготрајно искуство. Е, сега, дополнителни проблеми ни предизвикуваат наглите промени, кога во моментот се справуваме со поголем број повици во ист период. Но, затоа се прави тријажа во диспечерскиот центар, за да ја одредиме хитноста на повикот“

Таа потсетува оти освен повиците кои се регистрираат како преглед на пациентите на кои им е потребна помош, голем дел се реализираат и како совет не линијата 94, каде што деновиве најчести се повиците поврзани со здравствени проблеми како последица од високите температиру. Во овој дел најголем дел од повиците се поврзани со кардио-васкуларни заболувања за коишто е потребно излегување на терен.

„Има пораст на повиците од типот на повторување на мозочните удари. Зголемен е и бројот на срцевите болни, пациенти со проблеми во дишните патишта. Екипите доаѓаат на терен и после извршениот преглед се констатира дали треба да се даде терапија и да се остави пациентот на понатамошно домашно лекување, или во даден момент му се помага на пациентот и се транспортира до соодветната клиника“.
XS
SM
MD
LG