Достапни линкови

logo-print

Оценки за договорот за МКС


Министерот за одбрана Владо Бучковски очекува договорот потпишан со САД за изземање на нејзините граѓани од јурисдикцијата на МКС да биде усвоен од парламентот во текот на овој месец. Тој не се плаши дека во Македонија е можно да се примени романското сценарио:

„Нема зошто да го очекувам тоа, затоа што сметам дека Македонија треба да го докапитализира овој свој успех. Во изминатиот период, реално, немавме проблем во поглед на обликот на нашето државно уредување. Никој не спореше дека сме ние република. Проблемот е околу името и разликите околу името. Сметам дека овој капитал што го имаме не треба да го обезвредниме, туку да го вреднуваме онака како што во овој момент треба – дека е еден крупен исчекор кон решавањето на разликите во поглед на името што ги има Република Македонија со Република Грција“

Американскиот амбасадор во Македонија пак, Лоренс Батлер вели:

„Овој договор е валиден и сега ќе почекаме истиот да биде усвоен во парламентот. Ние ќе работиме многу и ќе и помогнеме на Македонија да стане членка на НАТО“

Тој изјави дека не знае дали потпишувањето на договорот со референцата Македонија би можела да предизвика реакции кај соседна Грција. А пак министерот за одбрана Бучковски со став:

„Република Македонија и во изминатиот период правеше максимални напори да ја добие битката за името. Тоа не оди едноставно и затоа се водат разговорите во Обединетите нации. Јас верувам дека со добра волја може да се стигне до компромис што ние одамна го понудивме, а тоа е двојната формула. Јас сум оптимист и мислам дека ова треба да го вреднуваме според вреедноста што ја има“

Инаку, денеска се одржаа редовни билатерални разговори меѓу министерствата за одбрана и САД.
XS
SM
MD
LG