Достапни линкови

logo-print

ЕУ сака да ја обнови голема Југославија


Европската Унија сака да ја обнови голема Југославија. По крвавата дезинтеграција во 1990 некој би помислил дека меѓународната заедница ја прими пораката дека Хрватите, Словенците, Србите, Босанските муслимани, Македонците и косовските албанци не сакаат повеќе да живеат заедно, меѓутоа Европската Унија, според коментарот на Вашингтон Тајмс, ги принудува луѓето од поранешна Југославија да формираат друга Балканска Унија.

Процесот на Европската унификација нема да биде завршен се додека Балканот не стане дел од Унијата, рече на последниот самит во Порто Карас евро-комесарот Романо Проди. Брисел сега инсистира на исполнувањето на условите, како економски реформи, борба против криминалот, човекови права за да се стане член на Европската Унија. Сепак клучен чекор за целосно членство е, како што пишува Вашингтон Тајмс, регионалната соработка, преговорите во рамките на процесот за стабилизација и асоцијација и Пактот за Стабилност односно креирање блиска внатре – гранична соработка, слободна трговска зона и лабави политички врски според формулата за реконструкција на поранешна Југославија плус Албанија минус Словенија. Меѓутоа, Вашингтон Тајмс пишува дека идејата за Балканска Унија е непопуларна меѓу обичните граѓани а една од големите лекции од 20-тиот век е оти мулти-етнички држави од луѓе кои не сакаат да живеат заедно не се одржливи на подолг период. Распадот на Југославија покажа дека земјите како Хрватска, Словенија и Македонија конечно ги остварија своите долгорочни соништа за национални држави и демократија. Брисел сега, пишува Вашингтон Тајмс во својот уреднички коментар, се надева дека ќе ги ревидира историските придобивки со цел да ја формира континентална супер држава и се планира ставање крај на Балканскиот краткотраен експеримент на национална независност и само владеење. Формирањето на Голема Југославија поврзана со Европската Унија не е прогресивен, ниту пак либерален проект, туку е длабока расистичка политика осудена на пропаст, се вели во коментарот на Вашингтон Тајмс. Според весникот, Брисел им кажува на луѓето на Балканот дека се неспособни да владеат со себе и оти можат да влезат во Унијата единствено како блок, а не како индивидуални држави и токму на тој начин тие се третираат како второ – класни европејци. Уште повеќе, пишува Вашингтон тајмс, идејата нема масивна подршка во регионот а политичките елити избегнуваат да им кажат на граѓаните дека цената на влезот во Унијата е поголема регионална интеграција отколку што тие би сакале.
XS
SM
MD
LG