Достапни линкови

Ванчо Муратовски, претседател на ССМ. Владата е бавна и како да и недостасуваат идеи


Дали актуелната влада ги исполнува ветувањата дадени на работниците пред изборите?

За жал морам да констатирам дека барем 90 насто од она што владата го кажа во предизборието, не е сеуште остварено, нешто е во тек и тоа мора да се каже. Синдикатот е инволвиран во скоро сите комисии што работат на законски програми, текстови и слично, но од роковите за коишто се договоривме минатата година со социјалниот договор нема практично ништо зададено, се е во фаза на работа во комисии, меѓутоа ништо не е дојдено до фаза на законски проекти.

На што се должи ваквата инертност на владата?

Искрено да кажам, и мене ме чуди ваквото споро реагирање на владата во сите сегменти на политичкото и економско живеење. Еве за ваша информација да кажам дека и комуникацијата меѓу првиот човек на владата и на синдикатот ја нема, шест месеци наназад не сме се виделе, ако се исклучи видувањето во време на штрајкот на загубарите.

Што треба да стори ССМ за владата посериозно да почне да ги сфаќа вашите намери?

Па, мислам дека владата не сфаќа сериозно, меѓутоа како да нема ниту план ниту програма како да се извлече од кризата, а мислам дека и со тимот нешто не е во ред. Очигледно е дека фалат нови идеи. Ние морам да кажам дека како синдикат и на писмено даваме идеи за законски проекти за подобрување на севкупната положба, за работата на социјално - економскиот совет. Некако како да не наоѓаат на одглас не знам од кои причини. Во секој случај, на штета и на владата и на синдикатот е ова одолговлечување на работите, бидејчи јавноста веќе е вознемирена од тоа што секој ден социјално - економската положба паѓа долу, наместо да се качува, да имаме нови вработувања, отворање на нови производни капацитети, се се слева во некоја бездна која сеуште е отворена, дури и се проширува.

Во Македонија во моментов владее една чудна ситуација, работниците излегуваат со барања, а зад некои од нив стои и синдикатот, но тие не се секогаш синдикални барања, да речеме, смена на менаџерски кадар, повеќе се акционерски барања. На што се должи тоа и зошто е тоа така?

Точно е дека не секогаш синдикалците во оснвоните организации ги поставуваат само синдикалните барања. На тоа за жал не тераат условите во организациите. Менаџерските тимови во повеќето организации не можат да се снајдат и ги водат фирмите долу, што ние како синдикат и како работници не може да го дозволиме. Од тие причини, некогаш одиме и надвор од ингеренциите на синдикатот, меѓутоа подобро да се направи така и да биде ефикасно и да почне фирмата да работи, отколку да се случува она што се случува со години наназад со Лозар битолкси, велешки и можам да набројам уште безброј случаи каде што ненавремено реагирала власта.

За следните локални избори најавивте кандидатура на ваши градоначалници и советници во општините. Колку активирањето на синдикатот во политиката може да ги реализира неговите цели и барања?

Па, очигледно е дека од досегашната практика, синдикатот си сите договори што ги правел со владите од осамостојувањето, па наваму, останало мртво слово на хартија нивното потпишување. И владите секогаш избегнувале да го реализираат она што е договорено. Тоа не тера да размислуваме како што прават некои западни синдикати, но и некои источни, како на пример руската федерација. Значи, не е ништо ново тоа што беа кажани изјавите во јавноста дека синдикатот ќе се вклучи, не би рекол дека е во политика. Бидејќи, тоа е периферно вклучување, нема да правиме партија за вклучување, туку ќе одиме како независни, зад кои ќе стои синдикалното членство. Сигурно е дека на тој начин ќе можеме повеќе да влијаеме во парламентот и во политичкиот живот во Македонија и нема да мора да молиме никого од партиите или да се доаѓа до ситуација да се потпишуваат спогодби и на крајот да не се почитуваат од владата.
XS
SM
MD
LG