Достапни линкови

Блиски Исток: Посета на советникот за национална безбедност на САД Кондолиза Рајс


Во обид за нов импулс во спроведувањето на мировниот план на Блискиот Исток престојува американскиот советник за национална безбедност Кондолиза Рајс. Таа денеска има разговори со лидерите на Израел. Синоќа во Ерихон Рајс разговараше со палестинскиот премиер Махмуд Абас. По средбата не беа соопштени детали од разговорите. Агенциите јавуваат дека палестинскиот премиер е поканет во посета на Вашингтон. Според најавите по прогласениот прекин на огнот од страна на палестинските милитантни групи израелската армија утре ќе започне да се повлекува од областа Газа.
XS
SM
MD
LG