Достапни линкови

logo-print

Газа: Палестинските радикали ќе објават примирје


Палестинските оружени формации во следните 24 часа ќе објават примирје во однос на атентати насочени кон израелски граѓани, изјави висок претставник на Исламски Џихад. Според истиот извор, примирјето ќе биде „условно“. „Бараме прекин на убиствата, нападите, агресијата и ослободување на палестински затвореници“, објасни претставникот на радикалната организација. Според весникот Ал Ајам, три палестински организации, Хамас, Исламски Џихад и Фатах, би требало утре на пладне да објават примирје за во наредните три месеци.
XS
SM
MD
LG