Достапни линкови

Политичка одлука што не изненадува


Станува збор за политичка одлука, вели професорот по казнено права Ѓорѓе Марјановиќ коментирајќи ја вчерашната одлука на македонската влада да го потпише билатералниот договор со САД за изземање на нејзините граѓани од јурисдикцијата на Меѓународниот Кривичен суд.

„Не може човек да се повикува на внатрешното право, кога е во прашање прекршок од меѓународно јавно право. Сега, кога постои опасност тоа да им се случи токму на Американците, тогаш е обратно – тие сакаат да бидат изземени од надлежноста на Меѓународниот кривичен суд. Значи, нешто што како принцип го воспоставија за сите, го негираат за себе“.

Но сепак тој смета дека согласноста на македонската влада е правилен чекор.

„Да сум јас, јас би ја потпишал исто така. Од простата причина што Европа се покажа ужасно кусогледа кога се Американците во прашање и ужасно нечесна кога е Македонија во прашање, бидејќи Македонија беше единствената држава што се оддели од Југославија на шведско-норвешки начин, без ниту еден испукан куршум. И побрзо ќе ја примат Хрватска што го урна мостот во Мостар и Словенија што прва ја почна војната. Европа е недостојна да се трудиме да бидеме дел од неа“

Одлуката на Македонската влада не преставува никакво изненадување вели политичкиот аналитичар Мерсел Биљали:

„САД за Македонија од безбедносен аспект претставуваат стратешки партнер. Мислам дека ова прашање не заслужува премногу политизирање. Тоа е чисто калкулативно, дури и во рамките на институциите на Европската Унија се свесни за ова прашање. Од причина што Европската Унија, ваква каква што е, не е во состојба да гарантира некоја поголема безбедност во Македонија“

Со тоа што билатералниот договор со САД ќе бид потпишан под уставното име , Македонија не добива ништо вели професорот Марјановиќ:

„Тоа е нешто што нам, според меѓународното јавно право ни следува“
XS
SM
MD
LG