Достапни линкови

Лондон: Односите меѓу владата и Би Би Си до критична точка


Односите меѓу Би Би Си и британската влада дојдоа до критична точка, пишува денеска лондонски Тајмс. Спорот околу начинот на кој Би Би Си известуваше од војната во Ирак се претвора во директен судир меѓу генералниот директор Грег Дајк и премиерот Тони Блер. Владата бара од Би Би Си да одговори дали стои зад тврдењата дека соработникот на Блер, Алистер Кембел, ги фризирал извештаите на разузнавачките служби за да ги зацврсти аргументите за покренување воена акција против Ирак.
XS
SM
MD
LG