Достапни линкови

Позитивен одговор на барањето на САД за изземање на Американците од МКС


Македонската влада позитивно одговори на американското барање за изземање на американските граѓани од јурисдикцијата на Меѓународниот кривичен суд, и официјално реши да побара продолжување на мисијата „Конкордија“ до крајот на годинава. Согласност за американското барање владата добила и од претседателот Борис Трајковски кој присуствуваше на денешната владина седница која се одржа зад затворени врати.

Потпретседателот на владата Муса Џафери за расдио Слободна Европа изјави:

„Македонија ќе го потпише билатералниот договор со САД, кој предвидува изземање на нејзините граѓани од ингеренциите на Меѓународниот Кривичен Суд,“

изјави Муса Џафери

Инаку ставот на ЕУ што доколку македонија го потпишпе договорот со САД вчера го изнесе портпаролот Ирена Ѓузелова:

„За Македонија ќе нема санкции, бидејќи вие не сте членка на ЕУ, а Унијата не предвидува санкции за земјите што не се членки“

посочи Ѓузелова.

Како компензација за поддршката што македонската влада со овој потег им ја дава на САД, решено е да се попбара продолжување на мандатот на Евро силите во нашата земја до крајот на годинава.

„Ќе упатиме барање за продолжување на мандатот на евро силите конкордија до крајот на 2003 година , а пота ќе се разговара за можносат за замена на евро силите со евро полиција и тоа по истекот на 2003 година,“

изјави вицепремиерот Муса Џафери.

Инаку Македонија е третата земја од реионот кој го прифатила амеиканското барање за иземање на нејзините граѓани од Меѓународниот Кривичен суд. Претходно тоа го сторија Албанија и Босна и Херцеговина.
XS
SM
MD
LG