Достапни линкови

Стогодишнина од раѓањето на Џорџ Орвел


Денеска се одбележува стогодишнината од раѓањето на Џорџ Орвел. Британски писател автрор на Животинската Фарма и книгата 1984-та кои оставија неизбришлива трага во историјата на светската литература. Станува збор за автор кој според неговиот биограф успеа политичкото пишување да го претвори во уметност.

За некои критичари Џорџ Орвел не може да се вброи во светски најпознатите писатели затоа што неговите политички ставови го загрозуваат неговиот интегритет како чист писател. Но за други Орвел е меѓу великаните на литературата на дваесетиот век. На неговата, можеби најдобра, но секако и напрочуена книга- Животинската фарма и претходеше искуството на авторот во шпанската граѓанска војна, во која тој дефинитивно ги изгради и зацврсти своите политички ставови на убеден социјалист

„По војната во шпанија и другите настани во текот на 36-тата и 37-мата јас ја знаев мојата позиција. Секоја реченица што ја напишав од 36-тата, директно или индиректно, беше против тоталитаризмот, а ЗА демократски социјализам, онаков каков што јас го разбирам. Животинската фарма е првата книга во која јас се обидов да ги спојам политичката и уметничката цел“

Пишува Орвел во еден свој есеј. Примарно Животниската фарма е критика на руската револуција, но воедно тоа е и сатира насочена кон сите револуции извршени со насилство од страна на несовесни луѓе желни за власт. Еден од биографите на Орвел, Бернард крик вели

„Животинската фарма е ламент за револуцијата што не успеа, за уништувањето на слободата на уметничкото изразување, за уривањето на сите надежи што беа врзани за почетоците на руската револуција.Тоа е горчлива тажачка за корумпирањето на идеализмот.“

Второто свое ремек дело книгата насловена како 1984 Орвел го објави само неколку месеци пред да почине. Иако генерално оваа книга се смета за нажестока критика на советскиот систем напишана кога и да е, за Орвел ова дело представува предупредување од опасностите на тоталитаризмот безоглед каде тој се случува. Тој велеше дека 84-та не е критика на социјализмот – идеја на која се до својата смрт Орвел и остана верен. Според неговиот биограф насловот на книгата немаше намера да ја предвиди реалноста. Насловот произлезе од инверзијата на броевите на годината во која е завршена – 48-та вели бернард Крик

„Не верувам дека и за момент Орвел мислел оти случувањата во таа книга би можеле да стане реалност. Книгата е мешавина на сатира и предупредување, но секако не пророштво.“

Неколку месеци по објавувањето на страшната визија на тоталитарното општество во кое за поединецот нема никаква надеж Џорџ Орвел почина во својата 46-та година. Според зборовите на неговиот биограф тој за себе обезбеди место во историјата на лиетратурата како човек кој успеал политичкото пишување да го претвори во уметност. Но за Орвел политиката и уметноста беа подеданкво важни.
XS
SM
MD
LG