Достапни линкови

logo-print

37 насто од децата во Македонија страдаат од ортопедски заболувања


37 проценти од основците страдаат од ортопедски заболувања, а во средните училишта такви аномалии имаат 38 насто од учениците. На ова укажуваат резултатите од програмата за систематски прегледи на децата од основните и средните училишта според кои:

„Тие од ден на ден стануваат се посериозен здравствен и социјално-економски проблем затоа што во последно време бележат пораст,“

вели Елена Ќосевска, асистент доктор од републичкиот завод за здравствена заштита. Таа вели дека кај основците бројот на децата кои имаат такви проблеми што имаат такви проблеми е зголемен за шест проценти, но дека овој проблем е поголем кај децата од средните училишта каде што најкарактеристични се деформациите на р`бетот и градниот кош.

„Карактеристично е дека деформитетите на рбетот и на градниот кош имаат пораст од 1993 до 2001/2 година, кога се правени систематските прегледи, од 12 на 18 проценти. За деформитетите на рбетниот столб и градниот кош можеме слободно да кежеме дека тие во основните училишта се во пораст, но исто така веќе е констатирано дека и во средните училишта го заземаат првото место“

Овие предупредувачки статистички податоци кои ги презентираат во заводот за здравствена заштита ги потврдуваат и во скужбите кои секоја година спроведуваат систематски прегледи во училиштата.

„Имаме согледување дека во почетокот на школувањето деформитетите на кичма се застапени, меѓутоа, тоа се должи на конституцијата на децата. Но, како што децата одат во повисоките класови, така забележуваме дека кај нив се зголемува бројот ортопоедски аномалии“

вели Катица Пиперкова специјалист по општа медицина и продолжува:

„Нашите согледувања укажуваат на тоа дека од принудното држење на телото, односно подолго седење во клупи, несоодветен инвентар во самите училници, намалена активност, несоодветната опременост на салите за фискултура. И наставниците по фискултура со кои разговаравме имаат согледување дека има потреба поинтензивно да се работи на тие деформитети, меѓутоа, немаат некоја генерална програма за корекција на тие деформитети“
XS
SM
MD
LG