Достапни линкови

Белград: Разговори на делагации на поранешните републики на СФРЈ за клириншкиот долг


Делегации на поранешните југословенски републики денеска и утре во Белград ќе разговараат за регулирање на клириншкиот долг на СФРЈ спрема поранешна Чехословачка, како и за преостанатите нерегулирани клириншки аражмани со други држави. Ќе се разговара и за поделба на средствата во мешовитите банки, чија книговодствена вредност изнесува околу 645 милиони долари. Државите сукцесори досега не постигнаа согласност за тоа, што Хрватска го користи како изговор за непотпишување на Договорот за сукцесија.
XS
SM
MD
LG