Достапни линкови

Слаѓана Тасева, претседател на комисијата за борба против корупцијата. Неопходна соработка од сите институции


Неодамна Државната комисија за борба против корупцијата ја промовираше програмата за превенција и репресија против корупцијата, заедно со акциониот план...

Овој документ, доколку успееме навистина да го имплементираме, ќе создаде трајна основа за во Република Македонија да се создаде квалитетен систем на мерки за превенција и репресија на корупцијата, коишто понатаму ќе ни овозможат навистина намалување на овој проблем или негово сведување во одредени контролибилни или разумни рамки, што сега не е случај. Затоа оваа програма претставува еден ваистина комплексен систем на мерки што навлегува во сите сфери на општественото и политичкото живеење, така што препораките се дадени од аспект на согледување на постоечката состојба. Кои се импликациите од таквата состојба и што е она што треба да се направи оптимално.

Во акциониот план се предвидени и рокови?

Точно така. Ние заедно со препораките за коишто сметавме дека се тие што во овој момент треба и можат да бидат имплементирани во правниот и политичкиот систем на државата, ги предложивме и конкретните институции и органи коишто треба да работат на нивна имплементација, конкретните рокови во коишто треба да бидат имплементирани овие мерки. Понатаму, точно дефиниравме институции за мониторинг и евалуација над имлементацијата на оцие мерки, затоа што доколку не ги предвидевме сите овие механизми може да ни се случи ова да биде уште еден добар документ којшто ќе остане заборавен во фиоките и витрините

Каква е соработката со извршната власт, а зошто не и со судството во имплементацијата на овие сугестии и препораки?

Соработка имавме со извршната власт и во подготвувањето на овој документ, затоа што во групата од 40-тина експерти кои работеа врз оваа програма имаше и дел од луѓе кои дојдоа од владините институции како меѓуресорска владина група. Имавме соработка и со судството, и со јавното обвинителство, и со парламентот, потоа со професорите од универзитетите и со сите оние кои можеа да ни помогнат во подготовката. Сега исто така очекуваме соработка од сите овие институции, вклучително и од парламентот, затоа што тоа е институција којашто треба на крајот на краиштата да ги донесе потребните закони или измени за одредени закони, но и измените на уставот, како најсуштествен елемент од оваа програма. Досега со владата се договоривме, откако комисијата ќе ја донесе оваа програма, истиот овој документ да биде усвоен и од владата како владина стратегија за борба против корупцијата, којашто пак понатаму, заеднички владата и комисијата ќе ја претстават пред парламентот – не за усвојување, туку за да се добие парламентарна поддршка и луѓего во парламентот да имаат сознанија за она што понатаму се очекува од нив.
XS
SM
MD
LG