Достапни линкови

logo-print

Министерот за правда вината ја бара во управата на затворот


Министерот за павда Исмаил Дардишта , одговорноста за бегствоо на Дилвер Бојку Леку од затворот во Струга ја префрла на персоналот на затворот.

„Засега вие не чувствувате одговорност како министер? Не, не, не...“

вели министерот Дардшта кој појаснува

„Одговорноста не може да биде на Министерството за правда, туку на одговорните лица кои раководат со затворот во Струга. Значи, тие се најодговорни за случајот Дилавер Бојку, така што ќе се преземат сите мерки случајот да се расветли до крај“

Министерот за Внатрешни работи Хари Костов вчера најави дека неговото министертво пред Владата ќе инсистира, да се утврди конкретна одговорност за бегството на Бојку, почнувајки од Министерството за Правда па се до чуварите ангажирани за неговиот транпорт.

„Затоа што ќе се постави прашањето: зошто во определен период му било дозволено да работи во некои приватни фирми, зошто при транспортирањето не бил спроведен со лисици, зошто затворот во Струга не побарал асистенција од полицијата? Ако ние можевме во текот на судењето да имаме огромен број полицакци кои тоа го обезбедуваа, во секој случај можевме да обезбедиме и дополнителна асистенција во текот на тој ден при транспортирањето од Струга во Охрид“

Министерот за правда сепак не ja иклучува веројатноста дека во затворите во земјата постојат пропусти во безбедносниот систем

„Ние ги преземаме сите мерки за да се отстранат сите слабости во работата на затворите, така што мислам дека во иднина ќе се подобри работата во нив“.
XS
SM
MD
LG