Достапни линкови

Хеброн: Уапсени 130 Палестинци


Израелската армија денеска во Хеброн уапси околу 130 Палестинци во потрага по припадниците на Хамас. Акцијата е извршена откако израелско – палестинските разговори за безбедносната ситуација завршија без конкретни заклучоци. Палестинските власти соопштија дека воените операции ги поткопуваат нивните напори за договор со Хамас и со другите милитантни групи за прекин на огнот со Израел согласно со мировниот план. Израел пак тврди дека има право да реагира ако Палестинците не ги совладаат милитантите.
XS
SM
MD
LG