Достапни линкови

Серија економски спорови меѓу ЕУ и САД


Европската Унија ја разгледува можноста да отвори нов спор со Соединетите Држави во Светската Трговска Организација поради начинот на кој Aмериканците ги спроведуваат анти-дампинг обврските. Тоа би било само уште еден од серијата спорови околу трговијата и економските прашања меѓу двата егономски гиганта. Тие доаѓаат во време кога генерално трансатланските односи се заладени поради војната во Ирак.

Со Соединетите Држави како единствена воена супер сила светот се чини монополарен. Но од економска гледна точка ситуацијата не е таква. Економската тежина на Европската Унија е речиси еднаква со онаа на Соединетите Држави. Поголема разновидност се добива ако кон ова се додадат и Кина која е во економски подем како и јапонија.
Меѓу Соединетите Држави и нејзините европски партнери постојат цврски врски кои се потпираат на заедничката историја, филозофија, култура, но во последниве неколку години се погласни се тонови на ривалитет првенствено во економската сфера. Првиот случај што го привлече вниманието на јавноста беше оној во кој американските извезувачи на банани бараа пристап на европскиот пазар. Американците тврдеа дека на тој пазар предност им се дава на земјите што се поранешни европски колонии. Соединетите Држави ја добија битката и европскиот увозен режим беше сменет. Тогаш европјаните во светската Трговска Организација го отворија прашањето за американскиот закон кој им овозможува даночни олеснувања на американските извезувачи. Светската Трговска Организација пресуди во полза на Европската Унија. Во еден друг спор Европската Унија се жалеше на американската дискриминација на увозот на челик, а сега најавува отворање на прашањето околу начинот на кој Соединетите Држави ги исполнуваат своите антидампинг обврски. Сите овие спорови и аргументации можат само да ја влошат атмосферата во евроатласнките економски односи,вели аналитичарот на американскиот маршалов фонд во германија Синди Вилијамс

„Ме загрижува тоа што овие трговски спорови можат да ги зголемат проблемите. Доколку трансатланските релации беа подобри, тие лесно би се решиле, но во ситуација кога тие генерално се влошуваат тоа ги прави проблемите тешко решливи.“

Се разбира трансатланските односи имаат и своја политичка димензија. Многу американци ги бојкотираат француските производи поради ставот на Париз во врска со војната во Ирак. Но безоглед на личните емоции и тензиите разумот диктира дека американско-европските трговски односи мора да продолжат. При тоа не треба да се заборави податокот на кој упатуваат аналитичарите

„Трговските тензии меѓу Соединетите Држави и европа всушност не се ништо ново. Тие во моментов представуваат медиумски теми затоа што вкупните односи се влошени“

вели аналитичарот од Лондон Катинка Бараш. Во моментов инвестициите во двете насоки се со променлив инетнзитет, но сепак економските релации се извонредно големи. Грубите проценки говорат за две милијарди долари.
XS
SM
MD
LG