Достапни линкови

Социјалниот статус и политичко безбедносната состојба фактори за одлука


Балансирајќи меѓу материјалните можности во семејството и амбицијата за образование над 28000 осмоодделенци придружувани од нивните родители ги поднесуваат документите за упис во средните училишта во државава. Впечатливо е оти годинава социјалниот статус во голем дел го одредува изборот каде да се продолжи образованието. Илустрација за тоа е примерот на еден осмоодделенец кој наместо да се запише на ДИФ, како што планирал соочен со семејниот буџет се запишал во средното угостителско училиште.

„Буџетот сега не е за фискултурно. Како школување тоа е скапо: секоја година ги носат на скијање, треба да се купува опрема, а пари – нема“

При изборот за упис одлучувачки фактор претставува и перспективата што едно училиште ја нуди, посочувајќи дека стручните училишта кои до неодамна беа помалку атрактивни веќе добиваат на тежина:

„Поради неможноста и од материјална гледна точка за запишување на факултет, а веднаш можат и да се вработат“

Со таквиот став се согласуваат и оние што конкурираат:

„Има работа за тоа. Па сега се повеќе се отвораат кафеани и кафулиња“

Сепак во државава и натамѕ најбарани за упис се општите гимназии, средните економски и медицинаксите училишта. Тоа се училишта кои според оние што аплицираат претставуваат основа за понатамошно продолжување на образованието. Според еден полуматурант кој планира да се запише на информативна насока:

„Да имам услови би се запишал во некое од странските средни училишта. Средните училишта во оваа земја не ги нудат баш сите услови за развој на нашите знаења. Повеќе треба да се учи практично, отколку теоретски“

Но, има и многумина ученици кој изборот за упид го прават случајно:

„Па, не знам, сите доаѓаат тука, велат дека е добра гимназијата“

Кога се сублимираат сите фактори што го определуваат уписот во средните училишта годинава неодминлива е и забелешката оти во одлуката за избор, влијание има и актуелната политичко и безбедносна ситуација во државата. Во таа смисла, родителите посочуваат дека кај учениците се јавуваат и дилеми за упис кога станува збор за училиштата со етнички мешан состав, па во таа смисла укажуваат:

„Детето сакаше да се запише во Електротехнички учулишен центар, меѓутоа, бидејќи училиштето е од мешан етнички состав, постои нетрпеливост меѓу учениците, пресметки меѓу децата... Тоа јас не го одобрувам затоа што мислам дека прво треба родителите да си поработат на тоа да не се создава омраза меѓу децата, а потоа и училиштето. Сето тоа мора да се сопре, затоа што не води кон добро“.
XS
SM
MD
LG